Достапни линкови

Нема оптимизам за датум за преговори?


Граѓани со македонското и знамето на ЕУ по позитивниот извештај од ЕК

Граѓани со македонското и знамето на ЕУ по позитивниот извештај од ЕК

Малкумина се тие коишто веруваат во оптимистички сценарија за в понеделник, зошто според сите најави, датум за почнување на преговорите на состанокот на Советот на министрите на ЕУ, Македoнија нема да добие.

Малкумина се тие коишто веруваат во оптимистички сценарија за в понеделник, зошто датум за почнување на преговорите на состанокот на советот на министрите по сите најави Македoнија нема да добие. Амбасадорите на Европската Унија вчера ја одложија за денеска расправата околу препораката на ЕК за нашата земја. Експертите за најверојатната очекувана формулација ја сметаат онаа во која европските министри ќе се обидат да го препознаат напредокот што сме го направиле и да се одложи датумот за во иднина со што би се одбегнала грчката блокада.
Лошата страна е што дефинитивно за разлика од пред неколку години, прашањето за името е етаблирано во сите наши интегративни процеси


,,Јас мислам дека за нас тоа би било сепак најдобра формулација која би не заштитила од понатамошна игра, но лошата страна е што дефинитивно за разлика од пред неколку години, прашањето за името е етаблирано во сите наши интегративни процеси."

изјави аналитичарот Алберт Муслиу. Поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле очекува дури три можни решенија кои во крајна линија се како што вели очекувани и веќе вообичаени за Европа. Најблиско до едно такво е решението кое веќе се најавува да се одреди условен датум во април или мај, а дотогаш да се работи на изготвување компромис, второто, да се потврди напредокот на Македонија и подготвеноста за преговори и да се даде уште еден рок за завршување на преговорите коешто ќе наликува на Букурешт и трето возможно решение според него би било да добиеме датум а преговорите со името да продолжат со оглед на можноста Грција да го употреби своето вето во некој од наредните чекори во процесот. Притисоците во насока на изнаоѓање комромис за името ќе продолжат пред и во текот на самитот.
Прашање е кога? Тоа кога ќе зависи од овој притисок што сега се врши


,,И сега и за време на траењето на Самитот, оти ние нема да дојдеме на дневен ред баш на 7 декември, Самитот ќе трае два-три дена. Прашање е кога? Тоа кога ќе зависи од овој притисок што сега се врши."

Изјави Чашуле. Во меѓувреме возможни се и нови средби на македонската и на грчката страна прогнозира Муслиу пред се поради публиката , поради потребата да ја избегнат вината и да покажат дека се конструктивни учесници во преговорите. Сепак напредок и до сега не видовме освен една поблака реторика и поблага клима која сепак не е доволна за да се постигне и нешто конкретно.
XS
SM
MD
LG