Достапни линкови

Внатрешниот долг негативно влијае врз бизнисот


Текстилна фабрика
Текстилна фабрика

Фирмата Мацедониа Експорт пушти во употреба бесплатен софтвер кој компаниите можат да го користат за мултилатерална компензација на внатрешниот долг. Бизнисмените се жалат дека внатрешниот долг негативно влијае на работата на фирмите.

Непостоењето на соодветна евиденција, скапиот капитал и кризата го зголемуваат внатрешниот долг во земјава. Бизнисмените се жалат дека внатрешниот долг негативно влијае на работата на фирмите. Директорот на компанијата „Бовин“ Ѓорги Тренев вели дека задолженоста на компаниите го кочи работењето:
Внатрешниот долг преставува голем проблем за компаниите во Македонија, бидејќи очигледно е дека тој особено во последната година е многу изразен и го отежнува работењето на компаниите


,,Внатрешниот долг преставува голем проблем за компаниите во Македонија, бидејќи очигледно е дека тој особено во последната година е многу изразен и го отежнува работењето на компаниите и е потребно тој да биде регулиран."

Непостоењето на соодветна евиденција за висината на внатрешниот долг дополнително ги отежнува работите, вели Тренев и додава дека посебно е загрозена ликвидноста.

,,Особено за фирмите на кои домашниот пазар им е најголем дел од работењето. Значи соочуваат со проблеми да неможат да наплатат и исто немаат информации дали одредените фирми кои што работат со нив имаат и други долгови."

Банките и Централниот регистар може да помогнат, додава Тренев.

,,Би било добро тоа да биде малку потранспарентно да се преземат мерки и тоа да се регулира, да се одобри комуникацијата, како меѓу субјектите, а исто така и меѓу банките, а исто така и Централниот регистар би можел да дава повеќе податоци."
Би било добро тоа да биде малку потранспарентно да се преземат мерки и тоа да се регулира, да се одобри комуникацијата, како меѓу субјектите, а исто така и меѓу банките, а исто така и Централниот регистар би можел да дава повеќе податоци


Освен долговите меѓу фирмите, внатрешниот долг го сочинува и задолжувањето на Владата на домашниот пазар. Неофицијално долгот на власта кон фирмите и граѓаните во земјава се проценува на околу 300 милиони евра по основ на обврзници за денационализација и по основ на обврзници издадени за стара девизна заштеда. Дел од бизнис ешалонот неодамна апелираше овој дел од внатрешниот долг да се претвори во надворешен, со тоа што ќе се склучи аранжман со Меѓународниот монетарен финд. Според екс министерот за финансии Џевдет Хајредини таквата идеа е неостварлива, посебно со оглед на политиката на Фондот.

,,ММФ точно се знае дека го подржува платниот биланс на земјата, надворешната ликвидност и стабилноста на девизиниот курс. Неможе парите од ММФ кога се земаат и одат право на жиро сметка на Народна банка, а не во буџетот."

Неофицијално, висината на внатрешниот долг веќе неколку години се проценува дека е поголема од надворешниот долг. При проценката на внатрешната задолженост не се зема предвид сивата економија која според неофицијални проценки изнесува 40% од бруто-домашниот производ.
XS
SM
MD
LG