Достапни линкови

Почнува вакцинирањето против новиот грип


Луѓе со маски пред Клиниката за инфективни болести

Луѓе со маски пред Клиниката за инфективни болести

Денеска започнува вакцинирањето на ранливите групи граѓани против новиот грип Х1Н1. Граѓаните велат дека не се уверени во безбедноста на новата вакцина и повеќето се плашат да се вакцинираат.

Граѓаните велат дека не се уверени во безбедноста на новата вакцина за грипот Х1Н1. Вакцинирањето на ранливите групи граѓани почнува денеска. Во оваа група се бремените жени, хронично болните возрасни луѓе и децата постари од 6 месеци. Вакцините се бесплатни. За да може да ја примат вакцината луѓето ќе треба да извадат потврда од матичниот лекар. Министерот за здравство Бујар Османи најави дека ќе се вакцинира прв за да испрати порака дека вакцинате е безбедна. Тој вели дека оваа вакцина е најдобар начин луѓето да се заштитат од новиот грип. Граѓаните, пак, велат дека се плашат први да се вакцинираат, затоа што некои земји не ја
Опасна е и никако не треба да се прима
препорачуваат вакцината.

,,Да ви кажам како што слушам по вестиве, некои викаат корисни се, некои викаат дека не се корисни. Јас се плашам, не се баш сигурни и не се од една држава. Од Турција се земени, па од некоја друга држава ни се испорачани и заради тоа има малку страв."

,,Опасна е и никако не треба да се прима."

,,Би се вакцинирал, корисна е."
Би се вакцинирал, корисна е


,,Не би се вакцинирал, затоа што тоа не е испитано уште. Многу држави ги избегнуваат, па ние да не се правиме попаметни од нив."

,,Јас лично не би се вакцинирала."

,,Што знам... би се вакцинирале."

Во македонските болницит, до сега се примени и се лекуваат речиси 200 пациенти заразени од новиот грип. Од новиот грип во земјава починаа четворица пациенти, а тојца заразени со вирусот се во тешка здравствена состојба. Министертвото за здравство вели дека пристигнатите 20 илјади вакцини се произведени во реномирани светски фармацевски компании и се одобрени за употреба од агенциите за лекови на Соединетите Американски Држави и Европската унија. Во Светската здравствена организација посочуваат дека вакцината е безбедба и како и секој лек има негативни и позитивни ефекти. Докторката Марија Кишман од СЗО ги повикува граѓаните кои спаѓаат во ризичните групи да ја примат вакцината.
Сметам дека несаканите дејства се многу помали во однос на бенефитот


,,Сметам дека несаканите дејства се многу помали во однос на бенефитот. На пример луѓето што се плашат од т.н. Жилан Бар-анализа, таа се јавува во нормалната популација еден на 100 илјади жители, а при вакцинирањето еден на 1 милион жители. Резервите секогаш постојат, меѓутоа бенефитот е многу поголем."

Докторката Веска Димитриевска смета дека поголемиот дел од населението дошло во контакт со вирусот и дека не треба да бидат вакцинирани само ризичните групи:

,,Пациентите со хронични заболувања, кои што имаат зголемен ризик од инфекции и намален имунитет треба да бидат заштитени со вакцината. Меѓутоа луѓето кои што веќе дошле во контакт со вирусот, го прележале, на ваков или таков начин, нема потреба да бидат вакцинирани. Треба да се вакцинираат оние луѓе кои што воопшто не дошле во контакт со вирусот."

За стравот кај луѓето од оваа вакцина докторката Димитриевска вели дека е оправдан затоа што не постои совршен лек кој нема никакви негативни ефекти.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG