Достапни линкови

НАТО ќе испрати уште 7 илјади војници во Авганистан


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денеска во Брисел изјави дека 25 членки на Алијансата ќе испратат над 7 илјади дополнителни сили во Авганистан. Според Расмусен, испраќањето повеќе војници во Авганистан не претставува сребрен куршум со кој таа војна ќе заврши бргу. Тој на состанокот на министрите за надворешни работи ги предупреди сојузниците да се подготват за подолга борба за која е потребна, како што рече, вистинска тимска работа. Американскиот претседател Барак Обама пред два дена објави дека ќе испрати дополнителни 30 илјади војници во Авганистан.
XS
SM
MD
LG