Достапни линкови

Во Гвинеја засилени мерки за безбедност


Властите на западно африканската држава Гвинеја, според новинските агенции, ги зацврстиле мерките за безбедност откако лидерот на воената хунта капетан Муса Дадис Камара бил ранет во вчерашниот напад кој, наводно бил извршен од неговите војници. Камара не е во животна опасност. До инцидентот дојде по зголемените тензии во Гвинеја и по острите мерки на владата против продемократските демонстранти при што, според извештаите, 150 од нив биле убиени. Опозицијата се противи на намерата на Камара да се кандидира на следните претседателски избори.
XS
SM
MD
LG