Достапни линкови

Повеќето американци, според најновата анкета, се на мислење дека Соединетите држави треба да си ја гледаат својата работа во надворешните односи. Изолационистичкото расположение кај американците е највисоко ниво во изминативе четири децении.

Истражувањето покажа дека речиси половина од Американците сметаат дека Соединетите Држави би требало да останат надвор од надворешни работи и да им остават на другите земји сами да си ги решаваат проблемите. Ендрју Koхут, директор во Пју Центарот вели дека станува збор за огромен скок на изолационистичките чувства во Соединетите држави.

,,Мислам дека дел од причината е во тоа што американската јавност се фокусира врз лошата економија, но и врз лошата ситуација во светот. Постојат две војни за кои јавноста мисли дека не се одвиваат најдобро, а се зголемува и стравот од терористички напади.,,

Паралелно со изолационизмот, кај американците расте и унилтерализмот. Дури 44 проценти од нив, најмногу во изминативе четрири ипол децении, сметаат дека Соединетите Американски Држави се, цитираме, најмоќната нација во светот, и затоа треба сами да решаваат за своите надворешни интереси без оглед дали со тоа се согласуваат и другите земји.
Дел од причината е во тоа што американската јавност се фокусира врз лошата економија, но и врз лошата ситуација во светот. Постојат две војни за кои јавноста мисли дека не се одвиваат најдобро, а се зголемува и стравот од терористички напади ...

Резултатите од Анкетата исто така, откриваат особен недостиг на јавен ентузијазам за надворешно политичкиот пристап на претседателот Барак Обама, посебно спрема Авганистан. Само 32 процента од испитаниците фаворизираат испраќање дополнителни американски војници во таа земја. Постои и скпетицизам дека таа војна не вреди да се води и оти треба да се остави Авганистан сам да се справува со талибанците и екстремистите. Џејмс Линдзи, директор во Советот за надворешни односи, смета дека овие резултати би можело да претставуваат проблем за Обама:

,,Моја претпоставка е се додека јавноста е убедена оти Авганистан не може да се реши, се дотогаш ќе биде тешко да се задржи силна поддршка за останување во таа земја.,,

Американците исто така мислат дека во изминативе 10 години улогата на Соединетите држави на меѓународната сцена значително се намалила. Повеќето од испитаниците мислат дека сега Кина ја има водечката улога, особено во светската економија. Мнозинството дури сметаат дека Кина е закана за Соединетите Држави.

Инаку, американските први три страхувања од надвор се: исламските екстремистички групи како Ал Каеда, иранската нуклеарна програма и меѓународната финансиска нестабилност. Од друга страна, на Русија веќе не се гледа како на непријател.

,,Русија очигледно во текот на годините веќе не претставува закана за јавноста. Само два насто од анкетираните сметаат дека Русија и натаму е најголема опасност за Америка.,,

Вели Ендрју Koхут. Анкетата на Пју Центарот беше спроведена меѓу 28 октомври и 8 ноември годинава.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG