Достапни линкови

Милошоски на министерски состанок на НАТО


Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска во Брисел треба да учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Северно Атлантскиот Совет и земјите учеснички во ИСАФ - мисијата на НАТО во Авганистан.
Македонското МНР информира дека е предвидено министрите да ја разгледаат актуелната состојба во Авганистан по одржувањето на претседателските избори во таа земја. Министерот Милошоски ќе ги информира колегите за досегашното учество на Македонија во мисијата ИСАФ, како и за планираните активности во наредниот период.
XS
SM
MD
LG