Достапни линкови

Тадиќ ветува дека ќе направи се за апсење на Младиќ и Хаџиќ


Српскиот претседател Борис Тадиќ го поздрави новиот извештај за соработката на Србија со Меѓународниот суд за воени злосторства. Тадиќ ветува дека ќе се заложи да се направи се за апсење на двајцата главни осомничени за воени злосторства, Ратко Младиќ и Горан Хаџиќ. Во Извештајот, што главниот обвинител на Хашкиот суд Серж Брамерц вчера го претстави пред Советот за безбедност на ОН, се наведува дека соработката на Србија со судот продолжува да се зголемува, но побара апсење на Младиќ и на Хаџиќ.
XS
SM
MD
LG