Достапни линкови

Прогноза за времето денеска- променливо


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови ќе се зголеми облачноста, почнувајќи од јужните делови, каде што во ноќните часови е можно да проврне дожд. Во котлините и по речните долини ќе има слаба магла, особено во утринските часови. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Утринската температура се движи од нула до шест, а дневната ќе биде од 10 до 15 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со сончеви периоди. Во утринските часови има магла, а во текот на денот ќе дува ветер од јужен правец. Утринската температура се спушти до пет, а дневната ќе достигне до 12 степени.
XS
SM
MD
LG