Достапни линкови

Непалската влада на Монт Еверест


Владата на Непал денеска одржала состанок во базичниот камп на Монт Еверест за да ја потенцира опасноста од глобалното затоплување на Хималаите. Дваесет и четири министри со маски за кислород одржале кратка средба во кампот каде што планинарите се подготвуваат за освојување на највисокиот врв во светот. До ова доаѓа пред самитот во Копенхаген посветен на климатските промени. Меѓународните експерти предупредуваат дека хималајскиte глечери се топат многу брзо и оти за неколку децении би можело да исчезнат. Скоро милијарда и 300 милиони луѓе живеаат од реките кои извираат на Хималаите.
XS
SM
MD
LG