Достапни линкови

Замрзнување на прашањето за спорот со името


Македонскиот и хрватскиот претседател, Ѓорге Иванов и Стипе Месиќ

Македонскиот и хрватскиот претседател, Ѓорге Иванов и Стипе Месиќ

Хрватскиот претседател Стипе Месиќ по денешната средба во Скопје со претседателот Ѓорге Иванов изјави дека замрзнување на спорот со името е еден од начините за надминување на блокадата околу македонските евроатлантски интеграции.

Спорот меѓу Хрватска и Словенија е позитивен пример како треба да се решаваат билатералните спорови без да го оспоруваат процесот којшто го мобилизира целото општество и сите институции изјави претседателот Иванов по средбата со својот гостин од Хрватска, претседателот Стипе Месиќ. Ние ги исполнивме сите задачи за да го добиеме датумот и тој би бил поттик да ги завршиме преговорите независно од билатералниот спор. Доколку тоа не се случи на ние ќе се вратиме на онаа енергија и оној ентузијазам со којшто го започнавме целиот процес, додаде Иванов, прогнозирајќи уште еднаш што се очекува од Состанокот на советот на
Еден од начините е да се замрзне ова прашање додека Македонија да ги исполни своите надворешно-политички цели
министрите.

,,И затоа да се надеваме на позитивна одлука и дека конечно на 7 декември ќе се прифати онаа одлука што беше донесена од Европската Комисија.„

Изјави македонскиот претседател. Последните директни средби на македонските и грчките високи претставници ги нарече доказ дека од наша страна се вложуваат сите напори да се дојде до решение во македонско-грчкиот спор. Хрватска е подготвена да и помогне на Македонија во нејзините евроатлантски амбиции, истакна Месиќ којшто изрази надеж дека ќе дојде до решение на македонско-гркиот спор којшто нема да го загрози македонскиот идентитет и со кое Грција нема да се почувствува загрозена. Хрватска успеа да го одвои билатералниот спор од евроинтегративниот процес и би биле задоволни кога и Грција би го одвоила ова билатерално прашање со Македонија од македонските преговори за влез во НАТО и во ЕУ. Постојат повеќе начини да се надмине оваа блокада, препорача Месиќ:

,,Еден од начините е да се замрзне ова прашање додека Македонија да ги исполни своите надворешно-политички цели. Другата можност е исто така да формира една арбитража која повторно тоа билатерално прашање би го ставила на страна на преговорите на Македонија со ЕУ да се одвиваат и понатаму, или да продолжат билатералните преговори, но со почитување на сите историски аргументи.„

Еден од аргуметите според Месиќ е е југословенскиот устав од 1974 година според кој во поранешната федерација сите републики па и Макеоднија биле позиционирани како држави со правио на осамостојување. На тој Устав никој немаше приговори ниту во ООН ниту на кое било друго место, ја аргументираше Месиќ својата препорака за надминување на македонскиот проблем. Македонско хрвастки односи беа оценети како пријателски и на високо ниво во сите области со можности за нејзино унапредување преку конкретни потези и проекти. Месиќ истакнал и одредени свои стравувања како што рече околу потенцијалната нестабилност во регионот и како таа треба навремено да се препознае и неутрализира со одлучувачка улога на меѓународната заедница.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG