Достапни линкови

Намалено кредитирањето поради светската криза


Претставници од македонски банки и од македонско-германското стопанско здружение
Претставници од македонски банки и од македонско-германското стопанско здружение

Домашните бизнисмени се жалат дека се соочуваат со сложени процедури од банките за добивање кредити. Од банкарскиот сектор велат дека кредитирањето е намалено поради светската криза.

Раст на кредитирањето и проширување на кредитната понуда со максимална претпазливост и контрола се дел од главните планови на македонските банки. Приватосопствениците, од друга страна, се бунат за високи камати и сложени процедури за добивање заем од банките. Дијана Степанулевска Кочевска од НЛБ Тутунска банка вели дека минатата година кредитирањето во целиот банкарски сектор било намалено поради негативните ефекти од светската криза:
Кредитите за компаниите во целиот банкарски сектор се зголемени само за два отсто, ова е ефект всушност од севкупната намалена економска активност на претпријатијата, како во земјата така и на нивните извозни активности


,,Кредитите за компаниите во целиот банкарски сектор се зголемени само за два отсто, ова е ефект всушност од севкупната намалена економска активност на претпријатијата, како во земјата така и на нивните извозни активности, односно претпријатијата се воздржуваат од инвестирања.„

Емилија Спировска Радончиќ од ПроКредит банка напомена дека за идната година се планира реструктурирање на кредитната понуда, забележувајки дека не е реално очекувањето банките да ги поедностават процедурите.

,,Слушаме најави во светски рамки, очекувања од ММФ за дури два отсто БДП во 2010 година. Тоа дава простор за отпимизам, но од друга страна треба да сме претпазливи да не се заложуваме дека одеднаш од 2010 година проблемите ќе се решат. Некои фирми дури сега се соочуваат со поголеми проблеми отколку на почетокот на годината.„

Владо Тренески од Комерцијална банка забележува дека фирмите, посебно малите и средни претпријатија не ја сфатиле сериозно кризата кон почетокот на годинава. Тој додава дека од идната година приоритет при кредитирањето ќе им се дава на оние фирми кои можат да остварат реален профит:
Ние кога застануваме пред шалтерските службеници не не гледаат како пријатели, туку не гледаат како да сме нивни непријатели

,,Единствен извор за сервисирање на одреден кредит се фактични идните готовински приливи и секоја компанија која креира кеш, која има позитивен оперативен кеш, ќе биде финансирана.„

Приватосопствениците на банкарите им забележаа за тешката процедура за добивање кредит, високите каматни стапки и повремено непријатен и нестручен однос:

,,Ние кога застануваме пред шалтерските службеници не не гледаат како пријатели, туку не гледаат како да сме нивни непријатели.„

вели сопственик на мала фирма за преработка на руда.

,,Дека тие камати ќе ги оправдате преку вашиот сервис малку е сомнително.„

Забележува сопственик на мала фирма.
XS
SM
MD
LG