Достапни линкови

Несовесни граѓани ги уништуваат канделабрите, ги демолираат клупите за одмор, корпите за отпадоци, но и скулптурите и спомениците во Прилеп. Полицијата работи на расветлување на случаите.

Непознати сторители се повеќе својата декаденција ја манифестираат со уништување на заедничкото добро. Кршат канделабри, ги корнат жиците, ги демолираат клупите за одмор, ги фрлаат и распарчуваат уличните корпи за отпадоци…Едноставно се што се прави
Известена е и полицијата да изврши увид, меѓутоа сметаме дека ова не е од материјална корист,значи никој ова не го сторил за некоја материјална корист, ова е сторено се она да се уништи, што го работи локалната самоуправа
денеска, преку ноќ тие го уништуваат. Мета на последниот вандалски атак беше најголемиот културно-историски споменик на градот, Могилата на непобедените.

,,Известена е и полицијата да изврши увид, меѓутоа сметаме дека ова не е од материјална корист,значи никој ова не го сторил за некоја материјална корист, ова е сторено се она да се уништи, што го работи локалната самоуправа."

Вели Лилјана Силјаноска, портпаролот на јавното претпријатие Комуналец, кое има своја чуварска служба, но велат дека невозможно е да се бдее над секој агол и да се штитат 60.000 метри квадратни од скриените намери на вандалите. Тие пред неколку дена ја уништија туку што поставената урбана опрема во дел од градот.

,,Двонасочната „5-та Прилепска„ беше премногу уништена. Таму беше уништена урбаната опрема која што успеавме да ја поправиме и да ја доведеме во ред."

истакнува Силјаноска. Неодамна беа уништени скулптурите кои беа поставени во центарот на градот, со цел уметноста да се доближи до граѓаните. Но, се чини дека колку повеќе се вложуваат напори барем визуелно, од естетски аспект да се подобри животот во градот, непознати сторители веднаш демолираат се пред себе. Речиси и да нема новоуреден дел од градот кој што не бил во фокусот на
Апелирам до сите граѓани, ги замолувам да бидат пристојни, да се однесуваат културно, да си го сакаат својот град
вандалите. Од локалната самоуправа редовно овие инциденти се пријавуваат во полиција,но се чини дека тешко може да се открие трагата на овие несовесни граѓани. Во немоќ да го решат проблемот, од Локалната самоуправа поставуваат на одредени места камери, но и апелираат до граѓаните:

,,Апелирам до сите граѓани, ги замолувам да бидат пристојни, да се однесуваат културно, да си го сакаат својот град."

Вели Снежана Ристеска, советник за култура во Локалната самоуправа.
Прилепската полиција пак работи на расветлување на случаите.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG