Достапни линкови

Датум за преговори в понеделник?


Премиерот Никола Груевски
Премиерот Никола Груевски

Во власта оптимизам, во опозицијата надеж за добра волја за датум за преговори од Брисел. Премиерот побара преговорите за името и за членство во ЕУ да се водат паралелно.

Во власта оптимизам, во опозицијата само надеж за добра волја за датум за преговори од Брисел. Во владејачката ДУИ се оптимисти дека Македонија в понеделник може да добие датум за преговори со Европската унија. Пратеникот Талат Џафери од ДУИ вели дека
Мислам дека до понеделник ќе се најде компромисно преодно решение кое би овозможило отворање на патот на Република Македонија кон полноправно членство во ЕУ и паралелно со тоа да се продолжи кон изнаоѓање конечно решение околу спорот со името. Значи, сметам дека тоа ќе тече како два паралелни процеси.
решавањето на спорот за името со Грција, што е еден од главните предуслови за почнувањето преговори, ќе се решава паралелно со процесот на пристапување на Македонија кон Унијата.

„Мислам дека до понеделник ќе се најде компромисно преодно решение кое би овозможило отворање на патот на Република Македонија кон полноправно членство во ЕУ и паралелно со тоа да се продолжи кон изнаоѓање конечно решение околу спорот со името. Значи, сметам дека тоа ќе тече како два паралелни процеси.“

Тој вели дека од добивањето на позитивниот извештај од Европската комисија, Македонија продолжи да работи на развивање на добрососедските односи. Во тој контекст Џафери ја гледа демаркацијата на границата и воспоставувањето дипломатски односи со Косово. Со тоа, вели Џафери, Македонија успешно реши уште едно отворено прашање со соседите.

Со сличен став излезе и премиерот Никола Груевски по вчерашната средба со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо во Брисел. Груевски рече дека Грција може да и даде шанса за почеток на преговорите на Македонија и двете земји да продолжат со интензивните разговори поврзани со спорот за името.
„Мислам дека може непосредно да се водат и преговорите за членство во ЕУ и разговорите за името“,

рече Груевски.

Тој посочи дека Грција може да ја блокира Македонија при секое отварање или затворање на поглавјата или на крајот. Според него, сепак, блокадата нема да биде решение, туку само дополнително ќе ги оддалечи двете земји. Од друга страна, пратеникот Андреј Жерновски од опозициската ЛДП вели дека Македонија не влезе вистински во преговори за името и затоа ја изгуби поддршката од Европа и од Соединетите Американски Држави.

„Јас се надевам дека Брисел ќе најде некоја формулација, но до сега не видов нешто конкретно. Сеуште го чекаме денот за да добиеме датум.“

Советот на Европската унија в понеделник треба да одлучи дали ќе ја прифати препораката на Европската комисија за почеток на преговорите за полноправно членство на Македонија во Унијата.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG