Достапни линкови

Британија ќе му даде помош од 83 милиони долари на Пакистан


Велика Британија ќе му даде 83 милиони долари на Пакистан, како помош за справување со милитантите на границата со Авганистан. Ова го соопшти британскиот премиер Гордон Браун на заедничката прес конференција со пакистанскиот премиер Јусуф Гилани во Лондон. Инаку, Гилани изјави дека не верува оти лидерот на Ал Каеда, Осама Бин Ладен се крие во Пакистан.
XS
SM
MD
LG