Достапни линкови

„Вселенска“ соработка меѓу Украина и Бразил


Украина и Бразил најавија дека заеднички ќе работат на нова вселенска програма. Проектот беше најавен по вчерашната средба на бразилскиот претседател Луис Инасио да Силва со неговиот украински колега Виктор Јушченко во Киев. Двете земји планираат заедно да конструираат носечка ракета од типот Циклон 4, со која комерцијални сателити би се лансирале во вселената.
XS
SM
MD
LG