Достапни линкови

Путин на телефон ќе одговара на прашања на граѓани


Рускиот премиер Владимир Путин денеска телефонски ќе одговара на прашања од граѓаните, во рамките на неговото традиционално годишно обраќање. На ваквиот настан пред една година Путин одговори на седумдесетина прашања од жителите на Русија, кои главно се однесуваа на невработеноста и воените реформи. Минатогодишниот разговор на рускиот политичар со народот траеше повеќе од три часа.
XS
SM
MD
LG