Достапни линкови

НВО: ЕУ да додели датум


Претставници на невладниот сектор
Претставници на невладниот сектор

Невладиниот сектор со став дека Македонија ги има исполнето условите за да добие датум за преговори од ЕУ. Оттаму додаваат и дека билатерални прашања не треба да го кочат процесот на проширување.

Земјава треба да почне со преговорите за членство во Европската Унија, но и Македонија и е потребна на Унијата за да не се закочи процесот на проширување. Лилјана Димова од Македонскиот центар за европско образование презентира пет причини за Македонија што поскоро да почне со преговори со Унијата:
Првата причина е затоа што Македонија ги исполни условите. Втората причина се билатералните прашања, децицно ЕК кажа во стратегијата за проширување дека билатералните прашања не се составен дел на агендата за проширување


,,Првата причина е затоа што Македонија ги исполни условите. Втората причина се билатералните прашања, децицно ЕК кажа во стратегијата за проширување дека билатералните прашања не се составен дел на агендата за проширување, значи неможе, не треба да бидат земени в предвид. Третата причина зошто Македонија треба да добие датум, е затоа што 2009 година беше исклучително успешна во делот на проширувањето за ЕК.„

Четвртата причина, според Димова, се амбициите на Европската Унија:

,,Ако ЕУ неможе да си го исчисти сопствениот двор, а тоа е значи западен Балкан, тогаш ќе нема легитимитет да биде глобален играч.„

Проширувањето на Унијата е од корист и за грчкиот премиер Папандреу - тоа е петтата причина зошто земјава треба да преговара со ЕУ, додава Димова:

,,Бидејќи ако се сеќавате Папандреу прв излезе и кажа дека неговата амбиција е западен Балкан да биде дел од ЕУ до 2014 година. 2014 година не е туку така, година ,,извадена од ракав„ точно таа година, Грција ќе претседава со ЕУ и така ќе се затвори кругот, целата приказна со западен Балкан.“
Јас мислам дека Грција ги доби инструментите в раце, да ги употребува и злоупотребува благодарејќи на грешките кои кај нас беа направени од страна на власта


Сепак, ветото од соседна Грција во јавноста се перцепира како една од главните пречки за почнување на преговорите. Фани Пановска од Фондацијата Институт отворено општество, вели дека неможе да се претпостави што ја чека Македонија, но додава дека Грција има можност за вето:

,,Што ќе се случи на 7 декември останува да видиме, меѓутоа факт е дека Грција има можност при отворањето и затворањето на секое од 35 поглавја, нас да не блокира.„

Спорот со соседна Грција не ја спречи земјава да го добие статусот кандидат за членство во ЕУ. Владимир Милчин од Фондацијата Институт отворено општество, вели дека од тогаш Македонија ги жртвувала своите надворешно политички интереси за внатрешно политички цели:

,,Јас мислам дека Грција ги доби инструментите в раце, да ги употребува и злоупотребува благодарејќи на грешките кои кај нас беа направени од страна на власта за внатрешно политички цели. Нашата надворешно политичка позиција, сега е жртва на внатрешно политичките интереси.“
XS
SM
MD
LG