Достапни линкови

Режисерот Полански во домашен притвор


Шведското министерство за правда објави дека филмскиот режисер Роман Полански ќе биде префрлен од затвор во домашен притвор. Потпаролот на министерството, Фолко Гали изјави дека Полански во петок ќе биде пренесен во неговиот дом во Гаштад. Тој додаде и дека режисерот ќе мора да носи електронска алка додека престојува во неговата куќа и се додека шведските власти не одлучат дали да го екстрадираат во САД, каде е обвинет за секс со 13 годишно девојче во 1977 година.
XS
SM
MD
LG