Достапни линкови

Рамон им нареди на Таџикистанците да купуваат акции


Таџикистанскиот претседател Емомали Рамон му нареди на секое семејство во земјата да купи акции во хироелектраната во вредност од 690 долари, за тие на овој начин помогнат да се заврши проектот вреден милијарди долари. Според властите проектот Рогун може да му стави крај на хроничниот недостаток на енергија во земјата. Проектот започна во 1970 година, но е стопиран кога дојде до економски хаос, поради падот на советскиот режим. Рамон обајви дека акциите ќе го зголемат интересот и дека тогаш Владата ќе им даде гаранција на инвеститорите дека парите кои ги вложиле ќе им бидат вратени. Потпаролот на Рамон соопшти дека од оваа обврска ќе бидат поштедени сиромашните семејства.

XS
SM
MD
LG