Достапни линкови

Грузија ослободи пет затвореници од Јужна Осетија


Грузија соопшти денеска дека Тбилиси пуштил пет затвореници на слобода од Јужна Осетија, што претставува првиот чекор за размена на затвореници. Официјалниот сајт на Јужна Осетија објави дека петте затвореници кои биле уапсени во август во Гори биле пренесени преку граница од комесарот за човекови права при Советот на Европа, Томас Хамберг.
XS
SM
MD
LG