Достапни линкови

Поскапува стујата и парното?


Macedonia - Mepso Building, Skopje, 01Nov2008

Macedonia - Mepso Building, Skopje, 01Nov2008

Во новата година можно е поскапување на електричната и топлинската енергија. Според експертите, електричната енергија е прескапа за граѓаните да ја употребуваат за греење

Освен нагорна цена на струјата за што се залагаат ЕЛЕМ и МЕПСО кои прикажаа дека реализирале повисоки инвестиции , можно е повисока цена граѓаните да и плаќаат и на Топлификација, откако и оваа компанија се придружи со слични барања. Во мегувреме во
На ЕЛЕМ и ЕВН им плаќате вкупно 2 денари, а ја купуваме по 6-7 денари на граница кај нас.
светот има пад на увозната струја поради кризата и намалената побарувачка што влијаеше со намалување на цените на услугите во некои од земјите. Експертите велат дека се обидуваме да обезбедиме услови да се прифати електричната енергија како стока со реална цена и дека не може да има поефтина цена од реалната во регионот. Ние не работиме со нафта туку со јаглен а струјата ја купуваме на пазарот што е трипати поскапа од онаа што ја плакаме на ЕВН и ЕЛЕМ вели професорот Константин Димитров

„На ЕЛЕМ и ЕВН им плаќате вкупно 2 денари, а ја купуваме по 6-7 денари на граница кај нас.“
Слушавме дека цената на увозната струја е помала годинава, ама таа е само еден од параметрите, инвестициите се многу битен елемент за компаниите кога ги пријавуваат своите трошоци

Мазутот речиси и не се користи односно само пет проценти за ставање во функција на постројките кои работат на јаглен што поскапо и потешко, додава Димитров. Една од ставките врз чија основа регулаторната комисија бара зголемување на цената на струјата се однесува на фактот дека компаниите прикажеле дека реализирале поголеми инвестициски зафати.

„Слушавме дека цената на увозната струја е помала годинава, ама таа е само еден од параметрите, инвестициите се многу битен елемент за компаниите кога ги пријавуваат своите трошоци,“

изјави портпаролот на ЕЛЕМ Мирче Котевски

Експертите велат дека корекциите се со мали проценти кои нема да значат големо оптоварување за буџетот. Но тоа негативно ќе влијае врз оние семејства кои немаат приходи. Просечно семесство за струја издвојува околу две илјади денари и дополнително уште две илјади за парно греење. Со оглед на нашиот стандард скапо е и минимално поскапување

„Ќе ги смени сијалиците со оние што трошат четири пати помалку струја. Народот ќе мисли повеќе кога повеќе ќе чини. Скапа е и е повеќе потребна во индустријата, не може во домаќинствата да се троши за греење, прескапо е тоа.“

Дел од експертите сметаат дека мора да се најде начин најпогодените слови да имаат бенефиции во плакањето ЕЛЕМ и МЕПСО побараа заголемување на цената на тарифата за 1,6 отсто. Крајната одлука за тоа колку ќе ппскапи струјата ке ја донесе регулаторната комсија до крајот на месецот.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG