Достапни линкови

logo-print

Државата продолжува скапо да се задолжува


Министерот за финансии Зоран Ставревски

Министерот за финансии Зоран Ставревски

Според експертите, државата со аукциите на државни записи претура „од шупливо, во празно“. Тие сметаат дека постојат поефтини извори на капитал

Најголемиот проблем не е што владата се задолжува, туку зошто проектирала толку голем буџет и толку голем буџетски дефицит, велат дел од економистите со кои разговаравме. Откако ќе утврдиме дека треба да се задолжиме, вели професор Ванчо Узунов, се наметнува
Јас навистина не знам зошто некој не земе кредити од ММФ кои се поефтини во случајот и подолгорочни, значи поповолни. Е сега, бараат поголема дисциплина во трошењето, тоа ММФ го прави, но тоа е нешто што владата треба да го прифати.
прашањето од каде да се задолжиме.

„Јас навистина не знам зошто некој не земе кредити од ММФ кои се поефтини во случајот и подолгорочни, значи поповолни. Е сега, бараат поголема дисциплина во трошењето, тоа ММФ го прави, но тоа е нешто што владата треба да го прифати.“

На вчерашната аукција на државни хартии од вредност со девизна клаузула, државата се задолжи за нови 50 милиони евра кои треба да ги врати за три месеци. Со тоа, само преку емитување на државни хартии од вредност, досега државата се задолжи за околу 200 милиони евра. Во министерството за финансии, пак, велат дека државата должи околу 85 милиони евра, затоа што добар дел од направениот долг преку издавање државни хартии од вредност е веќе исплатен.
Во септември, преку државни записи, државата се задолжи за околу 30 милиони евра кои треба да ги врати денеска. Од како ќе го врати тој долг, од вчерашното 50-милиониско задолжување, на државата ќе и останат околу 20 милиони евра. Дел од експертите велат дека не е спорно стариот долг да се репрограмира со нови задолжувања.
Професор Узунов, сепак вели дека се создава опасност од развивање една спирала на задолжување.
Тоа што е интересно е претурање од шупливо во празно, и при тоа шупливото му плаќа камата на празното. Вие претурате од едно шупливо што е стопанството, во едно празно што е буџетот, ама притоа со камата.


„Тоа што е интересно е претурање од шупливо во празно, и при тоа шупливото му плаќа камата на празното. Вие претурате од едно шупливо што е стопанството, во едно празно што е буџетот, ама притоа со камата. Така што, тоа е два пати негативна политика. Така што, краткорочното задолжување ќе стане долгорочно, ама со голема камата, која само се зголемува. Знаете, тоа е како граѓаните кога ќе влезат во црвено салдо, па ќе почнеш со две илјади, па пет илјади, па десет илјади, па цела плата, па две плати и на крај еднаш мораш да кажеш – чекај, што правам јас? До кога!? Додека не ми ја затворат сметката?“

Во сопственичката структура на тримесечните државни записи учеството на банките се повеќе се зголемува. Во јули банките не купиле државни записи со денарска клаузула, во септември купија околу 65 отсто од записите со девизна клаузула, а на вчерашното задолжување купија 85 отсто од државните записи, исто така со девизна клаузула.

Дел од економистите велат дека од една страна стопанството нема пари да и даде на државата на заем, а од друга дека државата ги испумпува парите од банките и тие наместо во реалниот сектор завршуваат во буџетот. Професор Зоран Ивановски, сепак, не се согласува со тоа.

„Државата го полни буџетот за да ги финансира јавните расходи, значи тие пари се враќаат во економијата.“

Министерот за финансии Зоран Ставревски вчера рече дека аукциите на државни записи се еден од начините за финансирање на буџетскиот дефицит и оти се користат за покривање на капитални инвестиции, како и за покривање на останатите расходи во буџетот.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG