Достапни линкови

Франција и Германија без одлука за дополнители сили во Авганистан


Франција и Германија ја подржаа американската стратегија за Авганистан, но како што изјавија Претседателот Никола Саркози и Канцеларот Ангела Меркел, двете земји ќе почекаат до Лондонската конференција за да решат дали ќе пратат дополнителни трупи во Авганистан. Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен изјави дека очекува земјите членки на Алијансата да обезбедат најмалку уште 5.000 војници за Авганистан. Оваа негова изјава доаѓа по објавата на американскиот претседател Барак Обама дека САД ќе испрати уште 30.000 војници во Авганистан.
XS
SM
MD
LG