Достапни линкови

logo-print

Кавказ Емират стои зад нападите врз рускиот воз?


Исламски милитанти од Северен Кавказ поврзани со чеченските бунтовници ја презедоа одговорноста за поставената бомбата која беше причина што патничкиот воз во Русија излета од шините при што загинаа 26 лица и беа повредени околу 100. Во соопштението на Кавказ Центер,, кое независно не е потврдено, се наведува дека операцијата била подготвена и извршена, по наредба на Доку Умаров - самопрогласен водач на "Кавказ Емират", организација која се обидува да ги обедини различните исламски групи во Северен Кавказ и Русија и да воспостави владеење на шеријатот исламскиот закон во регионот.
XS
SM
MD
LG