Достапни линкови

logo-print

Нелиценцирани туристички водичи лош имиџ за туризмот


Охрид

Охрид

Здружението на туристички водичи апелира за воведување ред во нивната област.

Туристичките водичи како клучна алка што ги поврзува туристичките агенции, хотелиерите, превозниците и другите чинители на туризмот, се сегмент што итно треба да се регулира и да се решат проблемот што постојат во оваа сфера кај нас. Она што мора да се санкционира се нелиценцираните, нерегистрирани туристички водичи, што лошо влијаат врз туризмот и посебено врз имиџот на
ото и барање за воведување инспектирање во туризмот, каде што апсолутно сакаме да се прекине водењето на нелиценцираните водичи. Дали тие се од соседните земји или домашни водичи кои некогаш за подобар бакшиш на туристите им го кажуваат тоа што сакат да го слушнат одделни туристички групи, а не тоа што е фактографија за Македонија. Значи, сакаме да се поведе битка, на секоја педа да има туристичка инспекција, да го спречи дивото водење
Државава. За неминовноста од конечно воведување ред кај туристичките водичи од апелираат тие самите, организирани во Здружение на туристичките водичи што неодамна ја одржа првата конференција на маргините на годишното собрание на Туристичката комора во Струга.

,,Здружението на водичи на Македонија од јануари годинава е носител на владино овластување за издавање на лиценците. Веднаш потоа, главни активности беа координација со министерството и барање за воведување инспектирање во туризмот, каде што апсолутно сакаме да се прекине водењето на нелиценцираните водичи. Дали тие се од соседните земји или домашни водичи кои некогаш за подобар бакшиш на туристите им го кажуваат тоа што сакат да го слушнат одделни туристички групи, а не тоа што е фактографија за Македонија. Значи, сакаме да се поведе битка, на секоја педа да има туристичка инспекција, да го спречи дивото водење.”

вели Бранко Босилков, претседател на Здружението на туристичките водичи на Македонија.

Со дивите водичи треба да се справи туристичката инспекција, за што еснафското здружение има покренато иницијатива пред институциите на локалните власти и пред органите на државата.

,,Се соочуваме со бирократија во еден дел, малку и тешко одат тие работи. Но сепак ние упорно го работиме тој план, изготвена е нацрт програмата за туристичка инспекција. Се надеваме дека за многу скоро време, пред почетокот на идната туристичка сезона ќе се востани туристичка инспекција и така ќе имаме подруга слика за целата сфера на водењето”

вели Босилков. Македонија ќе биде обврзана да ги подобри состојбите со туристичките водичи и со новите Европски директиви, со кои за добивање лиценца ќе биде потребно многу повеќе теоретско знаење и практично искуство отколку што се бара кај нас за добивање на уверение.

,,Тоа значи дека Европа повторно се менува. Во Хрватска курсистите имаат задолжителни 90-тина училишни часови обука за да полагаат за туристички водичи, додека построгите Европските стандарди предвидуваат минимум 600 школски часови за обука за туристички водичи, од што 40 посто е практика. Европската Унија за прв пат во историјата на Европа воведе стандард за минимално образование на туристичките водичи, документ чија интенција е изедначување на квалитетот во Европа, според кој и земјите од Балканот ќе мора да ги ускладат образовните програми.”

вели Антеа Глумец Барбир од Здружението на туристичките водичи на Хрватска, што се подготвува за воведување на новините за едуцирање на водичите. Во Македонија стручниот испит за водичи се полага со седум предмети од туризмот, природното и културното наследство. Сега нема речиси никаква контрола врз работењето на туристичките водичи, кои хараат низ туристичките локалитети и буквално го уништуваат туризмот. Недостасува и конкретна бројка на водичите што работат со лиценци и оние на диво. Специјализираните туристички водичи, придружници на водичи, водичи на планина, спелеолошки и подводни водичи треба убавините и вредостите на туристичка Македонија професионално, коректно и интересно да им ги прикажуваат на гостите, од што многу зависи дали и колку нашата земја ќе биде атрактивна туристичка дестинација и каква ќе биде сликата за нас надвор.

XS
SM
MD
LG