Достапни линкови

Во Авганистан дополнителни 30 илјади американски војници


Американскиот претседател Барак Обама денеска објави дека во Авганистан ќе бидат пратени како засилување уште 30 илјади американски војници. Очекуваното засилување ќе го зголеми бројот на 100 илјади американски војници во борбите против Талибанците и Ал -Каеда. Во говорот што го одржа во воената академија Вест поинт, Обама изјави дека војната во Авганистан не е изгубена . Војниците ќе можат да го напуштаат бојното поле од јуни 2011- та година истакна Обама, но не кажа кога американската мисија во Авганистан целосно ќе се повлече.
XS
SM
MD
LG