Достапни линкови

Уапсена голема криминална група во Италија


Италијанската полиција разоткрила голема криминална група и уапсила 74 луѓе, меѓу кои и локални политичари и бизнисмени на кои им го конфискувала имотот во вредност од 220 милиони евра. Италијанската полиција соопшти дека операцијата „ Домино “ трае веќе три години и оти досега е уапсен шефот на кланот Париси како и неговите најблиски соработници. Уапсените се обвинети за убиства , трговија со дрога и перење пари. Тие биле дел од италијанско- српски синџир на трговија со дрога.
XS
SM
MD
LG