Достапни линкови

Милошоски: да се подигнат дипломатските односи со Грција


На денешната средба во Атина со шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, грчкиот премиер
Јоргос Папандреу и заменик министерот за надворешни работи Димитрис Друцас ги повториле грчките позиции во спорот за името. Милошоски, како што јави Миа, изјавил дека очекува Грција на престојниот Самит на ЕУда биде прагматична во однос на евроинтеграцијата на Македонија и да не го попречи датумот за преговори со ЕУ.
Милошоски на средбите со Папандреу и со Друцас на маргините од 17. Министерски сосканок на ОБСЕ во Атина покренал две иницијативи за унапредување на односите меѓу двете земји.
Првата е за подигање на нивото на дипломатски односи, односно Какцеларијата за врски на Грција во Скопје да прерасне во Амбасада, а втората за потпишување договор за избегнување на двојното оданочување, иницирана од грчките стопанственици кои инвестирале во Македонија. Грчката страна ветила дека овие предлози сериозно ќе бидат разгледани. Според Милошоски, за нивна реализација не мора да се чека решението за спорот.
XS
SM
MD
LG