Достапни линкови

Во Иран уапсени пет Британски државјани


Високи помошници на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска потврдија дека уапсиле пет Британци, додека пловеле со своите јахти од Бахреин до Дубаи во минатата недела. Случајот ќе биде предаден на тамошното судство за да се утврди дали тие влегле во земјата со задни намери. Британија пак вели дека нивното апсење е чисто конзуларна работа.
XS
SM
MD
LG