Достапни линкови

Македонија без датум за преговори на 7 декември?


Премиерите на Грција и Македонија, Папандреу и Груевски
Премиерите на Грција и Македонија, Папандреу и Груевски

Директните средби Груевски – Папандреу за сега не ги помрднаа разговорите за името. Дипломатската активност продолжува, а според експертите станува се поизвесно дека Македонија нема да добие датум за преговори на 7 декември

Откако и по двете директни средби Груевски - Папандреиу разговорите за името не мрднаа од мртва точка извесно е дека ниту решение за името ниту датум за преговори ќе има на 7 декември. Ако се обистини најавата на премиерот од вчерашната изјава, не јасно
Македонија треба да игра конструктивна улога. Тоа го очекуваме и од Грција. На крајот ќе видиме што ќе биде епилогот, не можеме да прејудицираме.
вето но од Советот на министрите не очекува втор Букурешт или како што рече тој формулација која нема да додели датум туку ќе каже дека датум треба да се додели но тогаш кога ќе има конкретен напредок во преговорите за името. Не можеме да прејудицираме што ќе се случи на 7 декември но Македонија треба да покаже конструктивност од своја страна, да инсистира на своите аргументи и да се обидува да добие поддршка од меѓународниот фактор, е единствениот коментар од ДУИ пред состанокот на Советот на министрите.

„Македонија треба да игра конструктивна улога. Тоа го очекуваме и од Грција. На крајот ќе видиме што ќе биде епилогот, не можеме да прејудицираме.“

изјави Тахир Хани од ДУИ. Премиерот да ја запознае јавноста и политичките партии за содржината на разговорот со Папандреу зошто сегашните негови изјави за медиумите личат на изговор и симнување на одговорноста, реагираат од СДСМ. Надежта се гледа во временската рамка да се изнајде решение која и покрај се ја навести грчкиот премиер средбата во Преспа..
Се зависи од тоа на што е спремен претседателот на македонската влада. Да работи на својот личен рејтинг и опстанување на власт или интреесите на македонската држава

„Се зависи од тоа на што е спремен претседателот на македонската влада. Да работи на својот личен рејтинг и опстанување на власт или интреесите на македонската држава,“

изјави Андреј Петров од СДСМ. Европските дипломати ја оценија како позитивна порака средбата Груевски Папандеру. Владата најави дека лобирањето ќе продолжи. Во тие рамки влегува и денешната средба Милошоски Друцас во Атина и Груевски Баросо утре во Брисел. Средбата Груевски Папндреу заврши со порака од наша страна Грција да размисли околу евентуалното вето на 7 декември откако грчкиот премиер инсиситирал на прашањето за идентитетот. Ова прашање не е ни малку различно од барањето ерга омнес појаснува поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле.

„Ерга омнес, буквално тоа значи. Оти ако прифатиме ние општа употреба на името, тогаш тоа значи и ревизија на целокупната документација врзана со Република Македонија.“

Но тој се надева дека Европската Унија нема да дозволи решение кое ќе ги повтори настаните од Букурепшт. За професоропт Мерсел Биљали изјавата на приемиерот околу идентитетските барања на Грција ги смета зако ккао изговор за неподготвеноста да се дојде до решение.

„Преговори се водат само околу името според резолуцијата на Советот за безбедност. Второ, во ОН не постои графа за етничка припадност, туку државјанство на граѓаните,“

изјави Биљали.
XS
SM
MD
LG