Достапни линкови

Банките не ги менуваат каматите


Macedonia - The building of National Bank of Macedonia (NBM), Skopje, undated
Macedonia - The building of National Bank of Macedonia (NBM), Skopje, undated

НБМ ги намали каматните стапки. Меѓутоа, за сега банките не реагираат. Според експертите, побарувачката за кредити е голема, па банките реагираат пазарно сакајќи да постигнат што поголема заработувачка

Банките не реагираа на намалувањето на референтните каматни стапки на народната банка веројатно бидејки не сакаат да се откажат од приходот, се согласуваат експертите и бизнисмените. Според Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи, Централната
Она што сега и НБМ го презема е да не ја зголемува задолжителната резерва, односно отстапува дел од средствата коишто банките претходно ги држеле кај НБМ, како задолжителна резерва, сега дел од тие средства банките ќе можат да ги пласираат како кредити. Тоа секако ќе го зголеми кредитниот капацитет
банка отворила и можност за зголемување на кредитниот потенцијал на банките што миоже да претставува стимул за приватниот сектор

„Она што сега и НБМ го презема е да не ја зголемува задолжителната резерва, односно отстапува дел од средствата коишто банките претходно ги држеле кај НБМ, како задолжителна резерва, сега дел од тие средства банките ќе можат да ги пласираат како кредити. Тоа секако ќе го зголеми кредитниот капацитет на банките, значи не е само каматната стапка, тоа е само еден инструмент на монетарната политика, има и други инструменти кои влијаат за зголемување на кредитниот потенцијал на банките.“

Хаџимустафа додава дека банките за сега не ги намалуваат каматите на потрошувачките кредити најверојатно поради тоа што се плашат од губење на профитот

„Јас мислам дека тука повеќе е врзано со нивниот интерес. Банките се приватни, секој си го гледа приватниот интерес, односно профитот. И сега имаше простор, со затегната монетарна политика, банките да отстапат дел од својот профит во интерес на клиентите.“

Бизнисменот Зоре Темелковски со подиректен одговор на прашањето зоштио банките не реагираат на намалените референтни каматни стапки на благајничките записи:
Не се будали да реагираат, затоа што побарувачката е поголема, тие се пазарно ориентирани.


„Не се будали да реагираат, затоа што побарувачката е поголема, тие се пазарно ориентирани.“

Според Темелковски, дури и поволните кредити кои ги обезбеди владата за малите и средни претпријатија од европските фондови најмногу им помогнале на банките. Бизнисменот вели дека европските кредити на кои има камата од околу еден отсто се пласираат во македонскиот приватен сектор по камати од шест проценти

„Најдоа начин како бенкарскиот систем да го заздравиме. Да може да ги пласира со шест, значи ги добива со еден од државата, а ги пласира со шест, а велиме дека сме направиле идеална помош за малите и средните претпријатија. Тоа нема врска со економијата.“

Инаку централната банка ги намали каматните стапки на благајничките записи за 0,5 проценти од 9 на 8,5 отсто.
XS
SM
MD
LG