Достапни линкови

Во Хаг за легалноста на независноста на Косово


Шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ и српскиот амбасадор во Франција Душан Батаковиќ во Хаг

Шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ и српскиот амбасадор во Франција Душан Батаковиќ во Хаг

И Белград и Приштина се надеваат дека одлуката на Меѓународниот суд на правдата ќе биде позитивна за нив. Експертите сметаат дека таа ќе биде неодредена.

Дали едностраното прогласување на независноста од страна на привремените институции на Косово е во согласност со меѓународното право, е прашањето на кое Генералното собрание на Обединетите нации во октомври лани му го постави на судот во Хаг. Своите одговори до 11 декември треба да ги дадат претставници на триесетина држави. Од поранешните југословенски
Меѓународниот суд на правдата во Хаг
републики на јавната дебата ќе учествува само Хрватска со аргументи во прилог на независноста на Косово. Словенија нема да се појави на расправата, но веќе поднесла писмен одговор. Српската делегација во Хаг ја предводи Душан Батаковиќ, амбасадор во Франција, а делегацијата на Косово, министерот за надворешни работи Скендер Хисени. Шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ кој е во Хаг вели:

,,Имаме причина да очекуваме дека Судот ќе донесе една одлука оти еднострано прогласената независност всушност е еден етнички мотивиран обид на сецесија што претставува кршење на меѓународното право.,,

И во Приштина со оптимизам ја очекуваат одлуката на највисокото правно тело на Обединетите нации. Сепак, политичкиот аналитичар Дритон Лајчи смета дека шансите на Косово и на Србија за позитивно мислење се подеднакви:
Расправата на Меѓународниот суд на правдата нема да донесе некои спектакуларни резултати, затоа што и двете страни имаат аргументи со кои можат да ја докажат како легитимноста, така и нелегитмноста на незавсиноста...

,,Тргнувајќи од принципот на делење на правдата во Обединетите нации, мислењето ќе ги задоволи и двете страни. Многу е важно Судот да не донесе негативна одлука за легалноста на независноста на Косово, бидејќи тоа ќе влијае врз процесот на признавање.,,

На сличен став е и српскиот експерт за меѓународно право Радослав Стојановиќ кој додава дека на ниту една страна нема да и биде доделена улогата на победник, односно на губитник:

,,Едностраното отцепување на Косово е противправен чин. Но, ако еден народ ја изрази својата волја за самопределување, притоа ја контролира територијата во која живее, а државата применува насилство, тогаш тој има право на самоодбрана и отцепување.,,

Вели Стојановиќ, кој очекува избалансирано мислење на Судот. И Зијад Бечировиќ од љубљанскиот институт за балкански и блискоисточни студии е со слични очекувања:

,,Расправата на Меѓународниот суд на правдата нема да донесе некои спектакуларни резултати, затоа што и двете страни имаат аргументи со кои можат да ја докажат како легитимноста, така и нелегитмноста на незавсиноста.,,

Смета Бечировиќ, додавајќи дека судската расправа ќе биде искористена за дополнителни притисоци врз властите и во Белград и во Приштина во контекст на дејствувањето на правната држава и на почитувањето на правата на малцинствата.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG