Достапни линкови

logo-print

Обама ќе ја објави новата стратегија за Авганистан


Американскиот претседател Барак Обама се очекува денеска да објави дека ќе испрати дополнителни илјадници американски војници во Авганистан како дел од новата стратегија во војната против талибанците и Ал Каеда. Според најавеното, тој тоа ќе го стори во говорот во воената база Вест Поинт што ќе биде пренесуван на телевизија. Новата стратегија е резултат од скоро тримесечните консултации на Обама со неговите советници. Според некои неофицијални информации, Обама решил да испрати 30 илјади нови војници со што нивниот број ќе биде скоро 100 илјади. Се додава и тоа дека тој веќе ги информирал лидерите на Авганистан, Русија, Франција и Британија за новата стратегија.
XS
SM
MD
LG