Достапни линкови

logo-print

Канализацијата од Битола в река


Битола

Битола

Холандски експерти утврдија дека квалитетот на реките во битолско е далеку од европските стандарди. Во Драгорот, на излезот од градот се влева канализациска вода

Квалитетот на реките во Битолско е далеку од европските стандарди, утврди 30 члена истражувачка група од водно-еколошкиот факултет во Флисинген, Холандија. Студенти и професори го испитуваа квалитетот на водата од реките Драгор, Црна и Петтиот канал. Мерењата и лабораториските анализи покажаа дека во Драгорот на излезот од градот се влева канализациска вода, Петтиот канал ги собира непрочистени одпадните води од индустријата. Потоа се влеваат во Црна и ја загадуваат.
Вкупниот азот го покажува органското загадување. Ова ниво на почетокот на влезот на Битола е нормален, а потоа по излегувањето на реката од градот се забележува големо покачување на количината на азот-објаснуваат од хемиската група.“


„По излегувањето на реката Драгор од Битола, во неа се влеваат три извори на канализација. Два и пол пати е поголема количината на канализациска отколку на чиста вода. Тоа значи дека недостига чиста вода на излезот на реката од градот. Направивме исто испитување и во околината на Петтиот канал посебно каде се влеваат одпадните води од квасната индустрија. Се забележуваше дека има променета, потокалова боја и дека околу три пати доминира оваа вода над чистата-изјавија од хидролошката груга истражувачи.“

И хемиските параметри покажуваат загадување на водите.

„Вкупниот азот го покажува органското загадување. Ова ниво на почетокот на влезот на Битола е нормален, а потоа по излегувањето на реката од градот се забележува големо покачување на количината на азот-објаснуваат од хемиската група.“

Загадувањето влијае и врз живиот свет во водите.

„Првата точка што ја испитувавме беше почетокот на реката Драгор, односно се забележа голем број на жив свет, односно дека има богат биодиверзитет. На излезот на градот може да се забележи има многу мал биодиверзитет. Биотскиот индекс на оваа точка е два значи е многу тешко загадена-истакнуваат од биолошката група.“

За решавање на проблемот истражувачите посочија поставување на прочистителна станица, со цел канализација да не се влева во реката. Од општината велат дека во иднина планираат на прокетот да му пристапат посериозно.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG