Достапни линкови

Европски стандарди за работа во три конфекции во Прилеп


Текстилна фабрика во Прилеп
Текстилна фабрика во Прилеп

Три прилепски конфекции ги воведоа европските стандарди за подобрување на условите за работа, со цел да им го олеснат работењето и да пружат поголема заштита на работниците.

Проектот насловен како „Воведување и зајакнување на евро-стандарди за заштита при работа во текстилната индустрија„ успешно е реализиран во конфекцијата „Комфи-ангел„.
Ни обезбедија електронски вилушкар и други помошни вилушкари и добивме противпожарни апарати и систем за дојава на пожар и систем за озвучување.Така да, можам да кажам дека успешно заврши проектот.


„Ни обезбедија електронски вилушкар и други помошни вилушкари и добивме противпожарни апарати и систем за дојава на пожар и систем за озвучување.Така да, можам да кажам дека успешно заврши проектот.“

Вели Ирена Јакимоска, сопственик на оваа извозно ориентирана конфекција. Проектот кој што е донација на Норвешка, и е резултат на билатералната соработка со Македонија, на локално ниво се реализира и во конфекциите „Кули„и „Мартекст„, но и во други фирми во државата.

„Проектот завршува оваа година, досега имаме 26 фабрики низ цела Македонија, вклучени во проектот. Вредноста на донациите по фабрика е некаде 27.000 евра и 25% учество од самите фабрики.“

вели Фатмир Сарачини, од Македонското здружение за заштита при работа, инаку раководител на проектот. Здружението како имплементатор на проектот е со оценка дека за подобрување на работните услови во една фирма, неопходна е соработка меѓу работодавците и работниците. А, финансиската криза секако има свои реперкусии.

„Ова бара и финансиски средства, во случајот и оваа економска криза сигурно негативно влијае на подобрувањето на условите за работа, но не смее да биде оправдување за да едноставно ја занемариме заштитата при работа на секое работно место, бидејќи согласно член 32 од Уставот на Република Македонија, секој вработен има право да биде заштитен на своето работно место, при извршување на работните задачи.“

истакнува Снежана Јанкова-Петковска,член на македонското здружение за заштита при работа.
Од друга страна градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески најави продолжување на проектот.

„Сега ќе одиме во една друга интересна област, заштеда на електрична енергија и обновливи извори на енергија во приватните фирми. Целта на локалната самоуправа е секогаш да имаме одлична соработка и корелација со бизнис секторот, да помагаме и на самите бизнисмени, но да помагаме и на вработените.“

информираше Ристески.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG