Достапни линкови

Гардијан: Грција пред банкрот?


Денешниот состанок на министрите за финансии на Европската унија, како што пишува весникот Гардијан, ќе бил во сенка на можноста дека Грција би можела да банкротира. Весникот, поставувајќи го прашањето: дали е на повидок нов Исланд, пишува дека финансискиот систем на Грција доживеал целосен колапс поради глобалната финансиска криза. Исто така се додава дека по неколкуте години интензивно трошење и по Олимпијадата во 2004 година, Грција не успеала да го заузда државниот долг и можеби ќе мора да ја откаже исплатата на заемите.
XS
SM
MD
LG