Достапни линкови

ЕУЛЕКС уапсила лице кое тврди дека бил политички убиец


Полицијата на ЕУЛЕКС синоќа го привела Назим Блаца кој претходно јавно се произнесол дека учествувал во ликвидација на косовски политичари по барање на партијата на Хашим Тачи. Тој изјави дека како припадник на тајната разузнавачка служба на Косово учествувал во 17 случаи меѓу кои и убиства, обиди за убиства и закани и оти пред еден месец до Еулекс ги пријавил своите активности. Блаца денеска треба да биде изведен пред истражен судија.
XS
SM
MD
LG