Достапни линкови

logo-print

Во Атина средба Милошоски- Друцас


Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски денеска на маргините на состанокот на ОБСЕ во Атина ќе се сретне со грчкиот заменик министер за надворешни работи Димитрис Друцас. Средбата, како што информираа од македонското МНР, е иницирана од македонска страна. На 17-от состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ се очекува да бидат утврдени приоритетите за делување во текот на следната година, а се планира и усвојување на повеќе значајни одлуки во политичко-безбедносната, хуманата и економската област. Со овој состанок завршува грчкото претседавање во ОБСЕ, а наредниот претседавач Казахстан ќе го преземе претседавањето од 1 јануари идната година.
XS
SM
MD
LG