Достапни линкови

logo-print

Ирак планирал напад на Радио слободна Европа


Од Чешката разузнавачка служба објавиле дека режимот на Садам Хусеин во 2000-та планирал напад врз Радио слободна Европа. Од чешката служба за безбедност соопштуваат дека Ирак палнирал напад врз седиштето на Радиото во Прага со ракети кои требало да бидат испалени преку прозорецот на соседната зграда. Се наведува и дека било искористено дипломатско возило на Ирак за да биде прошверцувано оружје во земјата. Чешките органи направил дипломатски протест во 2000 година, и протерале шест ирачки дипломати . Но сеуште не е јасно зошто сега Чешката служба ги открива овие информации. Емитувањето на програма на Радио слободна Европа во Ирак, започна во 1998-та година.
XS
SM
MD
LG