Достапни линкови

Укинати визите за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора


Советот на министри на Европската Унија денеска ја усвои одлуката со која на граѓаните на Македонија, Србија, и Црна Гора им
се укинуваат визите за патување во ЕУ. Со одлуката овие три земји се ставаат на белата шенген листа, што занчи дека немора да вадат визи за сите земј на ЕУ, освен за Велика Британија и Ирска. Одлуката важи само за оние со биометриски пасоши. Граѓаните на овие три земји може да престојуваат во земјите на ЕУ најмногу 3 месеци, во текот на половина година.

XS
SM
MD
LG