Достапни линкови

В среда средба Баросо – Груевски?


По средбата Груевски - Папандреу, в среда во Брисел премиерот Груевски треба да се сретне со претседателот на ЕК Баросо

По средбата Груевски - Папандреу, в среда во Брисел премиерот Груевски треба да се сретне со претседателот на ЕК Баросо

Македонски владини извори потврдуваат дека средбата меѓу шефот на ЕК Баросо и премиерот Груевски најавена за в среда ќе се одржи.

Најавената средба на Премиерот со претседателот на ЕК Баросо на 2 декември како што потврдуваат владини извори најверокатно ќе се одржи. Според претходните неофицијални информации од Брисел ваквата средба беше незивесна доколку не се постигне некаков опиплив резултат од преговорите Груевски-Папандреу. Дали директниот контакт меѓу премиерите на двете страни во петокот беше доволен ваквата средба сепак да се случи и какви пораки таа пренесе до евродипломатите ќе се види во наредните неколку дена. Лобирањето на македонските државни претставници продолжува велат владини извори. Во тој контекст треба да се разбере и
Да не дојде до блокада на Македонија на 7 декември. Односно, Македонија да добие датум за преговори или да не добие датум за преговори, но тоа да не биде изразено со грчко вето,
неофицијалната средба којашто Министерот за надворешни работи Милошоски ќе ја има со грчкиот заменик министер за надворешни работи Друцас на маргините на состанокот на ОБСЕ којшто ќе се одржи на 1 и 2 декември, во Атина. На 3 декември премиерот придружуван од минситерот Милошоски ќе отпатува за Хелсинки на средба со финскиот премиер кадешто исто така ќе се побара поддршка на Министерскиот состанок. По неуспехот на преспанската средба премиерот вчера испрати писма до земјите членки на унијата во кое бара Македонија да добие датум за преговори. Преспанската средба конечно ги отфрли надежите дека до 7 декември може да има било каков напредок во врска со преговорите за името. Активностите во насока на лобирање би можеле да значат обид на нашите претставници да се покаже конструктивност и наметнување на хрватско-словенечкото сценарио како решение и за нас. Сепак, останува прашањето дали сето тоа ќе биде доволно и за Грција. Во овој кус период лобирањето може да се одвива само во насока на ублажување на декемвриската одлука, коментираат експертите.
Нашата дипломатија треба деновиве интензивно да се фокусира ние што побезболно и без вето да поминеме на 7 декември, затоа што тоа ќе го етаблира прашањето на името во целиот процес. Било кое заобиколување на дефинирање на таа потреба би била придобивка за нас

„Да не дојде до блокада на Македонија на 7 декември. Односно, Македонија да добие датум за преговори или да не добие датум за преговори, но тоа да не биде изразено со грчко вето,“

вели политикологот Марија Ристеска. За аналитичарто Алберт Муслиу е извесно дека датум за преговори нема да добиеме. Напорите за лобирање според него треба да се фокусираат на добивање препорака за добивање датум подоцна кога ќе има напредок во преговорите за името.

„Нашата дипломатија треба деновиве интензивно да се фокусира ние што побезболно и без вето да поминеме на 7 декември, затоа што тоа ќе го етаблира прашањето на името во целиот процес. Било кое заобиколување на дефинирање на таа потреба би била придобивка за нас,“

вели Муслиу. Грчкиот заменик министер за надворешни работи Друцас пред два дена најави и ја повтори можноста препораката за Македонија и воопшто да не бид ставена на дневен ред на декемврискиот сосотанок на советот на министрите.
XS
SM
MD
LG