Достапни линкови

ЕУ ги укина визите


Шенген виза
Шенген виза

Од 19 декември македонските граѓани со биометриски пасош ќе може да патуваат во Шенген земјите без виза. Ова денеска во Брисел го реши Советот на министрите на Европската Унија

Советот на министри на земјите на Европска Унија денеска во Брисел донесе одлука за укинување на визите за Македонија, Црна Гора и за Србија од 19 декември годинава. Визната либерализација нема да важи Велика Бриатнија и за Ирска. Без визи ќе можат да патуваат 554 илјади луѓе кои веќе извадиле биометриски пасоши. Оние кои имаат стари пасоши и сеуште им важат за да патуваат низ Европа ќе мора повторно да вадат виза во амбасадите. Граѓаните велат дека не знаат што друго ќе им биде потребно да покажат како документ за влез во земја членка на Европска унија

„Информиран сум за некои работи, но не знам колку требаат пари за да се оди некаде.“
„Биметриски пасош ми треба.“
„Не знам најчесто во агенција одиме, па тие го решаваат тоа.“

Комесарите Рен и Баро на прес конференција во јули при објавувањето на одлуката за безвизен режим
Од министерството за надворешни работи велат дека при влезот во земја членка на Европска унија граничниот службеник има дискреционо право да ве праша и да ви побара документи со кои ќе мора да се докаже која е целта на вашето патувањето. Па така на пример ако станува збор за туристичко патување ќе мора да покажете резервација во хотел или пак ваучер од туристичјка агенција за платено сместување. Службеникот има право и да ви побара докумет со кој ќе можете да докажете дека имете доволно пари да се издржувате себе си таму за време на престојот. Сопственикот на туристичка агенција, Алексадар Чоневски, вели дека со безвизниот режим нема се да биде едноставно.

„Нема шанси да се помине туку така. Да влеземе во кола, тоа нема шанси. Значи, знам, сме среќавале Бугари по граници кога нив им ги ослободија визите. Мислам, барем нив ги малтретираа многу, се надевам дека нема да биде малтретирање, но без резервација од хотел, ваучер од агенција, писмо од таму човек да ве повика, нема теоретски шанси да се помине.“

Доколку некој од условите граѓанините што патуваат не ги исполнуваат може да му биде и забранет влезот во државата. За тоа ќе мора да добијат од граничниот службеник и писмено образложение и имаат право да се жалат на таквата одлука.
Безвиниот режим им овозможува на луѓето да престојуваат вкупно 90 дена во европска земја во период од 6 месеци. Чоневски вели дека веќе од минатат недела започнал приливот на луѓе кои Новогодишните празници сакаат да ги поминат во некој земја од Европската унија
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG