Достапни линкови

Ограбена менувачница во Скопје


Две маскирани лица, од кој едниот бил вооружен, изутрината во 9 часот ограбиле менувачница во Скопје, која се наоѓа на булеварот „Партизански одреди“, во населба Карпош 1.
Од Министерството за внатрешни работи за МИА потврдиле дека во грабежот биле одземени 10.000 евра, а вработениот во менувачницата бил физички нападнат и е пренесен во скопскиот Ургентен клинички центар.
Припадници на Министерството за внатрешни работи вршат увид на местото на грабежот и преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
XS
SM
MD
LG