Достапни линкови

САД против одлуката на Иран за нови постројки за ураниум


Соединетите држави предупредиле дека се против одлуката на иранската влада за изградба на 10 нови постројки за збогатување на ураниум, велејќи дека тоа ќе биде повторно кршење на меѓународното право. Владата на Иран денеска ги објавила плановите за изградба на 10-те нови постројки, чиј аизградба треба да започне за 2 месеци. Претходно денеска претседателот на иранскиот парламент предупреди дека Техеран може сериозно да ја намали соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија, откакао тие претходно донесоа резолуција со која се забранува збогатување на ураниумот.

XS
SM
MD
LG