Достапни линкови

Медведев презентирал договор за нов глобален безбедносен пакт


Рускиот претседател Дмитриј Медведев на претставниците на НАТО и на Европската унија им презентирал нацрт договор за нов глобален безбедносен пакт, соопштуваат руските власти.Според нив новиот договор треба да стави крај на остатоците од наследството од Студената војна. Медведев минатата година предложи да се создаде Евро-Атлантски пакт за, но Соединетите Држави и Британија изразија сомнеж околу потребата да се создаде уште една структура за воената и политичка безбедност, покрај НАТО. Конечната верзија на Пактот не е наменета само за шефови на држави и влади на неколку западни земји, туки и за членовите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа и на Заедницата на независни држави.



XS
SM
MD
LG