Достапни линкови

Руските власти трагаат по предизвикувачите на железничката несреќа


Руските власти денеска се во потрага по луѓето кои поставија бомба под воз со што предизвикаа железничката несреќа во која загинаа 26 луѓе.Шефот на разузнавачката служба Александар Бортников, изјавил дека отвориле истрага против терористи, откако нашле фрагменти од бомба под возот. Во несреќата која се случи на пругата Москва-Санкт Петерзбург беа повредени и повеќе од 100 луѓе. Во 2007 година, во експлозија на бомба на иста линија беа повредени околу 30 луѓе. Двајца мажи осомничени дека имаат врски со чеченските бунтовници беа обвинети за подметнување на бомба од возот.
XS
SM
MD
LG