Достапни линкови

Браун:Пакистан да ги најде лидерите на Ал -Каида


Британскиот премиер Гордон Браун денеска повикал Пакистан да ја интензивира потрагата по лидерите на Ал-Акида, со што потрагата по терористи ќе се тргне од главна тема со која се занимава целиот свет. Во телевизиско интервју Браун изјавил дека сака да види напредок во потрагата по Осама бин Ладен и неговиот заменик, Ајман ал-Завахири, за кој се верува дека се кријат во Пакистан. Браун изјавил дека како меѓународните сили ги зголемуваат нивните напори во Авганистан, така и Пакистан мора да преземе повеќе акција од нивната страна на границата. Тој сепак признал дека има напредок откако пакистанските војници презедоа акција за справување со Талибанците
XS
SM
MD
LG