Достапни линкови

logo-print

САД имале можност да го заробат бин Ладен уште во 2001-та


Американската војска имала можност да го зароби или да го убие терористот број еден Осама бин Ладен уште во 2001-та година се наведува во извештајот погдотвен од американскиот комитет за надворешни работи. Во извештајот, направен од страна на претставниците на демократското мнозинство во комитетот, се наведува дека со тоа што му се овозможило бегство на лидерот на Ал Каеда се пропуштила можноста да има измени во текот на војната против тероризмот а тоа понатаму отворило конфликти во Авганистан и Пакистан Документот посочува дека Бин Ладен и неколку стотици негови соборци биле опколени во планините Тора Бора во Авганистан.Сепак воената команда одбила да испрати засилување, неопходно за завршување на таа операција, што му овозможило на Бин Ладен да избега во Пакистан.

XS
SM
MD
LG