Достапни линкови

Иран парично ќе помага милитанти кои се против Западот


Иранското државна радио соопштило дека парламентот одобрил нацрт-закон за оделување на 20 милиони долари за поддршка на милитантни групи кои му се спротивставуваат на Западот.Но притоа не се наведува кои групи ќе добијат пари од Иран. Техеран веќе ги подржува исламските милитанти на Хезболах во Либан и Хамас во појасот Газа. Во извештајот се вели дека парите ќе се користат за да се истражат наводните американските и британските прекршувања на човековите права и заговори против Иран.Овој потег се толкува како реакција на Иран на американските и британските критики, за тоа што Техеран ги казни учесниците во постизборните протести во јули.
XS
SM
MD
LG